Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

22 дек. 2015

Изложбата „Првата светска војна во Република Македонија“  претставена во Романија

Изложбата „Првата светска војна во Република Македонија“ претставена во Романија

Categories: Сеќавање  / 

Од 25 ноември до 2 декември, изложбата „Првата светска војна во Република Македонија“ реализирана од страна на Францускиот Институт во Скопје со поддршка на Регионот Долна Нормандија беше претставена во Регионалниот музеј на Бузау. Изложбата беше презентирана од страна на ХАЕМУС - Центар  за научно истражување и промоција на културата, партнер на соработката Долна Нормандија-Македонија.

Поставката „Првата светска војна во Република Македонија“ беше претставена во рамки на изложбата посветена на Првата светска војна на Балканот во Регионалниот Музеј на Бузау. Изложбата „Првата светска војна во Република Македонија“ е составена од 13 паноа кои ги документираат случувањата за време на Првата светска војна во Македонија. Во мај 2015 година изложбата беше претставена во Скопје и Битола, ова е нејзиното прво претставување надвор од Македонија благодарение на ангажманот на организацијата ХАЕМУС.

Изложбата беше проследена и со меѓународна конференција на тема културно наследство со предавања посветени на младите и на професорите кои имаа за цел да претстават различни начини за управување со културното наследство. За повеќе информации посетете ја интернет страницата на ХАЕМУС.

Изложбата „Првата светска војна во Република Македонија“ е една од многуте активности на тема Колективно сеќавање, мир и помирување кои се спроведуваат во рамки на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x