Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

9 фев. 2016

„Соработката се темели на принципот на размена на искуства"

„Соработката се темели на принципот на размена на искуства"

Categories: Координација  / 

Интервју со Ивана Димитровска, директорка на Канцаларија на Соработката меѓу Нормандија и Македонија - АЛДА Скопје, во дневниот весник Вечер

"Програмата за соработка со долна Нормандија се спроведува во период од три години и треба да заврши во 2016 година. Какви резултати очекувате од завршувањето на програмата и каков бенефит имаат нашите општества од оваа соработка?

Соработката помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија започна во 2005 година по иницијативна на овој француски регион. Од пилот проект се разви во долгорочна програма за соработка, а оваа година славевме 10 годишнина од почетокот на соработката. Во 2016 година ја завршуваме третата тригодишна програма но веќе започнавме со припрема на понатамошната фаза кој ќе ја вклучува не само Долна туку и Горна Нормандија. Во овој десетгодишен период успеавме да вклучиме повеќе од 150 партнери од Долна Нормандија и Македонија: општини, региони, здруженија на граѓани, училишта, универзитети, културни институции и граѓани.

Соработката е базирана на принципот на размена на искуства во повеќе области. Реализирани се над 60 проекти: изложби, филмови, конференции, обуки, заеднички стручни публикации и апликации, брошури итн. Резултатите најмногу ги чувствуваат младите луѓе од Нормандија и Македонија кои имаат можност да учествуваат на проектите, да патуваат и да откриваат нови култури. Импресивна е соработката на полето на културата исто така. Голем број на уметници од Македонија секоја година патуваат и творат во Нормандија. Тоа е многу важно за промоција и афирмација на македонската култура во Франција. На пример, во 2010 година во Нормандија се одржа фестивал за македонската култура и 100 000 жители на Франција се запознаа со македонската музика, фотографија, драма.

Во 2016 година во најпознатиот Музеј на мирот од Каен ќе биде домаќин на изложба на фотографии од Браќата Манаки. Во секој случај, покрај градењето на човечки капацитети и институционални соработка, најголемата придобивка за Македонија е пријателството што го разви со овој француски регион. Ова пријателство го негуваат сите оние кои учествувале во програмата: професионалци, уметници, политичари, млади, активисти, граѓани. Во овој глобализиран свет, добро е да се има пријатели кои даваат поддршка."

Целото интервју е достапно на следниот линк.

Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x