Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

2 фев. 2016

Приватност и слобода на изразување на интернет – подигање на свеста кај младите

Приватност и слобода на изразување на интернет – подигање на свеста кај младите

Од декември 2015 година до февруари 2016 година, беа организирани работилници за подигање на свеста за заштита на приватноста и слободата на изразување на младите на интернет.  Работилниците се одржаа во Македонија, од страна на Метаморфозис.

Минатиот ноември, 2015 година, Метаморфозис, заедно со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, одржа обука за едукатори и наставници од Нормандија и Македонија. За време на обуката беа претставени алатки за подигање на свеста кај младите за заштита на нивната приватност и слобода на изразување на интернет.

Знаењата здобиени во Каен, наставниците ги пренесоа оваа година на своите колеги, ученици и студенти од Македонија. За време на работилниците тие имаа можност да го презентираат и прирачникот создаден од страна на Метаморфозис и Институтот за права и мир во 2014 година за правата на интернет. Дел од презентираните активности беа спроведени од страна на младите и нивните родители.

Досегашното искуство ги поттикна едукаторите да размислуваат за најдобриот начин на подигање на свеста кај децата, учениците и студентите на овие теми и за можноста за приспособување на работилниците на млади на различна возраст.

Оваа активност е дел од проектот „Модел за подигнување на свеста кај младите за човековите права во дигиталниот простор“  имплементиран од страна на Метаморфозис во партнерство со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен. Проектот е поддржан од страна на Соработката помеѓу Нормандија и Македонија во рамките на повикот на проекти 2015/2016.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x