Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

16 фев. 2016

Децентрализација и обуки: дефинирање на активностите во 2016 година

Децентрализација и обуки: дефинирање на активностите во 2016 година

Categories: Координација  / 

На 12 февруари 2016 година, во Скопје се одржа средба на институционалните партнери на соработката, посветена на активностите за 2016 година. Оваа година ќе биде посветена на пристап и управување со европските фондови и програми за локалните власти на Нормандија и Македонија, како и за македонските министерства.

На средбата беа присутни претставниците на Министерството за локална самоуправа, Центарот за обуки на Секретаријатот за Европски прашања, Француската Амбасада во Македонија и канцеларијата на соработката во Скопје.

За време на состанокот, присутните разговараа за потребите на партнерите кои работат на процесот на децентрализација и нивните можности за заедничко дејствување. Оваа година е насочена кон управување со европските фондови и програми, со цел да се зајакне локалниот развој на двете територии. Активностите ќе започнат со прецизно идентификување на потребите на локалните актери, а потоа ќе се дефинираат временските рамки за информирање и одржување на обуките. Тие средби ќе бидат одлична можност за размена на искуства помеѓу експертите од Нормандија и Македонија на тема европски фондови.

Обуките на државните службеници од Нормандија и Македонија и македонските министерства ќе бидат клучна активност на соработката за оваа година, со цел да се зајакнат знаењата за европските програми и да се овозможи нивно полесно имплементирање во локалните единици за развој и на двете територии.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x