Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

28 јан. 2016

Стари разгледници од Македонија во спомен на Првата светска војна

Стари разгледници од Македонија во спомен на Првата светска војна

Global Voices”, интернет порталот за информирање и преведување на вести поврзани со над 150 земји во светот, неодамна објави напис за Македонија во Првата светска војна. Во него е претставена иницијативата на американската библиотека New York Public Library за објава и дигитализирање на повеќе од 180 000 документи, чии авторски права се веќе застарени. Меѓу нив се и разгледници од Македонија, кои германската армија ги направила за време на Првата светска војна. Автор на оваа статија е Филип Стојановски, веб програмер и блогер од Македонија.

Во написот се зборува за важноста на историјата на Првата светска војна на локално ниво, но и за иницијативите за подобро запознавање со овој историски период. Како дел од нив е претставена и соработката помеѓу Нормандија и Македонија, во чии рамки се работи на оваа тема. Во написот се вели дека изминатите неколку години соработката се обидува преку своите активности да промовира сеќавање и помирување: „францускиот Регион Нормандија и Македонија заедно организираат изложби по повод одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна, студиски посети, како и истражувања на старите борбени линии во Новаци, кои сè уште постојат и се дел од богатото културно наследство.“

Global Voices досега имаат објавувано информации за публикување на значајни материјали од овој вид од страна на американската библиотека. Нивните архиви содржат информации за Виетнам, Јапонија и Индија.

Целосната статија и фотографиите можете да ги пронајдете на следниот линк.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x