Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

3 мар. 2016

Прва голема изложба на фотографиите на браќата Манаки во Каен, Франција

Прва голема изложба на фотографиите на браќата Манаки во Каен, Франција

Фотографиите на Јанаки и Милтон Манаки, најголемите фотографи на Балканот за прв пат ќе бидат претставени на голема изложба во Меморијалниот музеј во Каен. Изложбата ќе биде свечено отворена на 7 март 2016, и ќе биде отворена за јавноста од 8 март 2016 до 4 септември 2016 година.

Меморијалниот музеј во Каен е еден од најпосетените музеи во Франција и има повеќе 500.000 посетители годишно. Изложбата се состои од 101 фотографија на браќата Манаки, особено од периодот на Првата светска војна.

За време на Првата светска војна браќата Манаки продолжиле да се занимаваат со фотографија и филм. Благодарение на нивната активност, денес имаме фотографски и филмски материјал кој го отсликува тој бурен период. На изложбата ќе можат да се видат фотографии од француски, бугарски, германски и српски војници кои го посетувале нивното студио и останувале за портрет. Има исто така и фотографии од локалното население и традиционални обичаи. 

Оваа изложба е исто така повод да се промовира колективната историја која ја споделуваат Франција и Македонија, како и збогатување на соработката помеѓу Нормандија и Македонија на тема „Мир и помирување преку колективното сеќавање на Првата светска војна“. Дополнително, ќе биде изработена и Монографија за делата на браќата Манаки која ќе содржи 200 фотографии.

Изложбата во Каен е најголемото претставување на делата на браќата Манаки досега. Изложбата е организирана од страна на Македонскиот центар за фотографија во соработка со Меморијалниот музеј во Каен, Францускиот институт во Скопје, Кинотеката на Македонија, Државниот архив во Битола и со поддршка на соработката Нормандија-Македонија и Агенцијата за филм на РМ.

Copyright : National Archives of Bitola

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x