Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

8 мар. 2016

Првата светска војна низ објективот на браќата Манаки

Првата светска војна низ објективот на браќата Манаки

Фотографиите на Јанаки и Милтон Манаки, најголемите фотографи на Балканот беа за прв пат претставени на голема изложба во Меморијалниот музеј во Каен. Изложбата беше свечено отворена на 7 март 2016 година, од страна на француската амбасадорка Н.Е. Лоранс Оер, вршител на должност, Амбасада на Република Македонија, г. Габриел Атанасов, градоначалникот на Каен, Жоел Брино, директорот на националниот архив, Битола, Ацо Кимовски, директорот на Меморијалниот музеј Стефан Грималди и директорот на Македонскиот центар за фотографија, Роберт Јанкулоски.

На изложбата ќе бидат презентирани 101 фотографија кои се направени со дигитализирање и обработка на стаклените плочи кои се чуваат во подрачното одделение на Државниот архив на Македонија во Битола. Во Државниот архив се наоѓаат повеќе од 10 000 стаклени плочи од браќата Манаки. Фотографиите се изработени на архивска памучна хартија користејќи ги светските норми за изработка на архивски копии.

Оваа изложба е особено значајна за да се истакне делото на едни од најзначајните фотографи во историјата. Браќата Манаки се најпознатите фотографи од Балканот и се познати како пионери во областа на фотографијата низ целиот свет. За време на Првата светска војна браќата Манаки остануваат активни и го документираат тој период на фотографија и филм. Благодарение на нивните дела имаме бесценет фотографски и филмски материјали кои сведочат за животот во Македонија во првата половина на 20 век.

Оваа изложба е една од главните активности во рамки на проектот „ Прва светска војна и Македонија: Колективно сеќавање, мир и помирување“ на соработката Нормандија – Македонија. Одново запознавање со овој период од историјата и богатото културно наследство кое сè уште постои на територијата на Македонија, како и заедничката историја која ја споделува со Франција во тој период е една од клучните теми на кои ќе работи соработката во иднина.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x