Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

19 фев. 2016

Претставување на македонската економија во Париз

Претставување на македонската економија во Париз

Categories: Координација  / 

Агенцијата Бизнис Франс, во соработка со Агенцијата Инвест Македонија организраа средба посветена на економските можности и партнерства помеѓу Македонија и Франција.

Информативната работилница со фокус на Македонија се одржа на 19 февруари 2016 година. во Париз. Овој настан беше прв од серијата на работилници посветени на земјите од западниот Балкан.

Настанот го отворија Горан Мицевски, Министерот за инвестиции, и Лоренс Оер, Амбасадорката на Франција во Македонија.

За време на работилницата учесниците имаа прилика да разменат мислења за состојбата и понудата на македонскиот пазар, македонската законска регулатива и водечките сектори во земјата.

На настанот присуствуваа и претставници од Соработката помеѓу Нормандија и Македонија, со цел да се информираат повеќе за економијата во двете земји и да ги разгледаат можностите за соработка во иднина на оваа тема.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x