Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

28 мар. 2016

Соработката Нормандија - Македонија го прослави Денот на Франкофонијата!

Соработката Нормандија - Македонија го прослави Денот на Франкофонијата!

Соработката Нормандија - Македонија го прослави Денот на Франкофонијата заедно со Францускиот институт во Скопје на настанот организиран на 19 март 2016 година во Скопје. Денот на Франкофонијата организиран од страна на Францускиот институт во Скопје имаше разновидна програма во која можеше да најде по нешто за сите љубители на францускиот јазик и култура.

Централната активност на настанот беше посветена на употребата на францускиот јазик во деловниот свет преку „Саемот за франкофонските компании и оператори во Македонија„ на кој учествуваше АЛДА Скопје заедно со сите компании и организации кои вработуваат франкофони и го подржуваат учењето на францускиот јазик. Саемот имаше голем број посетители кои имаа прилика да се запознаат со професионалните можности кои ги нуди познавањето француски јазик.

Саемот беше проследен со работилници за пишување кратки биографии и за професионална комуникација, дебата за местото на франкофонијата во светската економија и театарски натпревар. Денот на Франкофонијата беше свечено затворен со концертот на македонската група Фолтин која покрај своите песни, отсвири и неколку големи класици на француската шансона.

Промовирање на францускиот јазик и култура зазема многу значајно место во соработката помеѓу Нормандија и Македонија. Уште од своите почетоци, промовирање на Франкофонијата зазема значајно соработката се стреми кон промоција на Франкофонијата. Програмата ја поддржува франкофонијата во Македонија преку проекти со француските двојазични паралелки од средните училишта и преку часови по француски наменети за младите и за партнерите на соработката.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x