Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

14 апр. 2016

Пријавете се на Универзитет на мирот во Франција!

Пријавете се на Универзитет на мирот во Франција!

Дололку сте заинтересирани за човекови права, меѓукултурни размени и нови искуства не ја пропуштајте оваа исклучителна можност да се пријавите на овогодишниот Универзитет на мирот во Каен.

Универзитетот на мирот во организација на Институтот за човекови права и мир во Каен ќе се одржи од 27 јуни до 3 јули 2016 година. Оваа година темата на универзитетот е  „Културните права, придонесуваат за услови на мир? “

Педесет години по потпишувањето на Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и четириесет години по неговото стапување на сила, културните права и понатаму се несфатени и недоволно развиени. Целта на културните права е да ја осигураат слободата на културниот идентитет, кој се дефинира како „збир на културни референции со кои едно лице, сам или во група, се дефинира, се формира, комуницира и сака да биде достоинствено признаен“ (Декларација Фрибург, 2007).

И покрај тоа што културните права спаѓаат во основните човекови права, тие трпат секојдневното прекршување: Уништувањето на древниот град Палмира, тешкотиите на децата Роми во пристапот до образование во Европа, процесот на општествено вклучување на автохтоното население во Канада. Овие злоупотреби на културните права се својствени за конфликтите во современиот свет.

Водени од страна на Институтот и тим од меѓународни експерти, четириесет млади од целиот свет светот ќе имаат можност да се запознаат, да дискутираат и да размислуваат на оваа актуелна и релевантна тема.

Благодарение на децентрализираната соработка помеѓу Регионот Нормандија и Република Македонија на младите од Македонија им се нуди одлична можност да учествуваат на овој универзитет.

Правила на учество

За да учествуваат во овој повик, кандидатите треба да  ги исполнуваат следниве услови:

  • да бидат македонски државјани*
  • да се на возраст од 20 до 28 години, 
  • да бидат франкофони,
  • да имаат завршено минимум 3 години од универзитетски студии во следниве дисциплини: право, социјални науки, политички науки, историја или француски јазик (книжевност или превод и толкување).
  • да бидат млади луѓе кои се интересираат за темата предложена од Универзитетот на мирот и да бидат мотивирани да го вреднуваат искуството стекнато при овој настан преку граѓанска, академска или професионална ангажираност.

* Овој повик се однесува само на младите од Македонија. Кандидатите кои се по потекло од други земји својата апликација за Универзитет на мирот треба да ја достават директно во Меѓународниот Институт за Човекови права и мир од Каен (www.2idhp.eu).

Стипендии за учество

На петтемина млади од Македонија, избрани при овој повик, ќе им бидат доделени стипендии за учество од страна на соработката Нормандија - Македонија. Оваа стипендија ги покрива трошоците за сместување и храна во Каен во текот на времетраењето на настанот, како и трошоците за школарина. Патувањето не е покриено од страна на организаторите.

Постапка за селекција

Институт за Човекови права и мир од Каен е одговорен за изборот на учесниците. Заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот за пријавување и да го испратат заедно со нивната кратка биографија на француски јазик како и документ за лична идентификација и фотографија на следната адреса: marie-pierre.pagnon@2idhp.eu. Крајниот рок за пријавување е 13 мај 2016 година. Апликацијата за кандидатура можете да ја најдете подолу на француски јазик.

За повеќе информации за Универзитет на мирот погледнете ја интернет страницата на Институтот за човекови права и мир во Каен

Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x