Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

25 апр. 2016

Ученици од Вир и Битола во посета на терените од Првата светска војна во Македонија

Ученици од Вир и Битола во посета на терените од Првата светска војна во Македонија

Средните училишта Жан Мермоз од Вир, Нормандија и Јосип Броз Тито од Битола веќе 8 години соработуваат на тема „Сеќавање, мир и помирување“ на тема Прва и Втора светска војна. Од 18 до 25 април 2016 година, 15 ученици од градот Вир, Нормандија ја посетија Македонија за да го откријат фронтот од Првата светска војна во Македонија и неговата историја.

Во оваа прилика, младите од Нормандија во придружба на учениците од Битола имаа можност да ја откријат историјата и убавините на Македонија, особено околината на Битола. Предводени од нивните професори по историја и географија, Ерик Алар, Пјер Бенабид и Иљо Трајковски, учениците ги посетија локалитетите на фронтот од Првата светска војна, остатоците од рововите и воените инсталации на војските стационирани во Македонија за време на војната. За полесно да ги откријат локалитетите, им беа поделени мапи кои беа подготвени според сателитските и архивските мапи од регионот. Следната активност беше посветена на сведоштвата од Првата светска војна во Македонија. За таа цел, учениците ги посетија околните села и се сретнаа со локалните жители кои им раскажуваа за сведоштва од Првата светска војна на нивни предци и познаници.

Учениците исто така ги посетија ископините на античкиот град Хераклеја и Охрид. Младите имаа можност да го се запознаат подобро со секојдневите на учениците од Македонија. Тие го посетија нивното училиште во Битола и престојуваа во нивните домови во текот на неделата.
Оваа екскурзија беше дел од предвидените активности во рамки на проектот „Сеќавање, мир и помирување“ на тема Прва светска војна во Македонија спроведен од страна на Француската алијанса од Битола, средното училиште „Жан Мермоз“ од Вир и средното училиште „Јосип Броз Тито“ од Битола спроведен во рамките на соработката помеѓу Нормандија и Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x