Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

29 апр. 2016

Претставата „Шепотењето на Антигона“  одиграна во Нормандија

Претставата „Шепотењето на Антигона“ одиграна во Нормандија

На 28 и 29 април 2016 година, младите актери од Дебар и Иф ја одиграа претставата „Шепотењето на Антигона“  во Иф и Флери-сур-Орн, во рамките на Единаесетото издание на фестивалот Балканска пролет организиран од организацијата Балкан-Транзит во Нормандија, Франција. Ова е трета средба на младите од градовите Иф, Флери-сур-Орн и Дебар кои започнаа со соработката во август 2015 година.

Младите актери се сретнаа на 27 април во Иф за да работат заедно на театарската претстава, во соработка со театарската група „Et mes ailes“. Нивната адаптација на претставата на Жан Ануј се изведува на трите мајчини јазици на актерите: францускиот, македонскиот и албанскиот јазик.
Каролин Лкапитен, задолжена за соработката на градот Иф со Дебар, изјави за весникот „Ouest-France“ дека за овој проект „главната цел беше отворање кон различното. Да им се овозможи на младите еден поинаков начин на восприемање на другиот и размислување за животот, да се посади семето за подобра иднина“ (Ouest-France, 4 февруари 2016 година).

Оваа театарска претстава веќе беше одиграна во Македонија во Струга и Дебар во ноември 2015 година.

Овој проект е спроведен во рамки на соработката помеѓу општините Иф и Дебар, со помош на Центарот за одржлив развој на Дебар и театарската група „Et mes ailes“.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x