Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

19 апр. 2016

Претставници од македонските институции во посета на Нормандија на тема: младински активности

Претставници од македонските институции во посета на Нормандија на тема: младински активности

Categories: Млади  / 

Два претставници од македонските институции задолжени за младински активности ја посетија Нормандија да се запознаат со институциите кои работат со млади во регионот.

Од 17 и 21 април 2016 година тие беа во посета на организацијата „Maison Pour Tous Léo Lagrange“ од Шербур и здружението „AVRIL“, партнери на Коалицијата СЕГА во рамките на проектот „Јавна политика за Млади“.

За време на оваа посета, македонската делегација се сретна со претставници на локалните власти и на граѓански организации од Регионот. На средбата со Регионалната дирекција за млади од Нормандија, делегацијата од Македонија се запознае со регионалната младинска политика на Нормандија. Претставниците од здружението „AVRIL“, исто така ја преставија својата улога во информирање и поддршка на младинската меѓународна мобилност.

На крајот од својата посета, македонската делегација имаше можност да се запознае со алатките за обучување на младински работници. Со новите стекнати знаења и искуства, партнерите од Македонија во рамки на овој проект ќе спроведат обука на обучувачи од 12 до 15 мај 2016 година. Оваа обука ќе биде за прв пат организирана во Македонија и ќе ги следи техниките на сертификатот БАФА, Сертификат за способност на младински работници кој се практикува во Франција.

Овој проект е поддржан од соработката помеѓу Нормандија и Македонија.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x