Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

15 мај 2016

Обука за младински работници во Струга

Обука за младински работници во Струга

Categories: Млади  / 

Од 12 до 15 мај 2016 година, во Струга се одржа семинарот „The first step to become a Youth Worker“. За време на четиридневната обука 12 учесници од Македонија имаа можност да се запознаат со методите за анимирање на млади. Оваа обука беше организирана од Коалицијата СЕГА и спроведена од партнерите од Нормандија, здружението „Avril“ и организацијата „Maison pour tous - Léo Lagrange“ од Шербур.

Преку различни работилници и групни активности, идните младински работници имаа можност да се запознаат со принципите на формалното и неформалното образование, како и потребите и предизвиците на младите македонци на локално и регионално ниво.
Оваа обука беше организирана по студиската посета на Кавадарци и Прилеп, каде се отворени младинските информативни центри на Коалицијата СЕГА во рамките на програмата на Соработката помеѓу Нормандија и Македонија.

Овие активности се дел од програмата за Млади на соработката помеѓу Нормандија и Македонија, која е спроведена од страна на Коалицијата СЕГА во партнерство со организацијата „Maison pour tous - Léo Lagrange“ од Шербур и со здружението „Avril“. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x