Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

9 мај 2016

Средношколците од Кутанс во посета на Македонија

Средношколците од Кутанс во посета на Македонија

Во мај 2016 година, 22 ученици од средното стручно училиште „Ла Рокел“ од Кутанс ја посетија Битола каде се сретнаа со своите соученици од средното училиште Јосип Броз Тито.

Учениците по архитектура и уметност, ја посетија Македонија со цел  да се запознаат со културното наследство на Македонија и да го посетат фронтот на Првата светска војна.

Учениците кои направија историски истражувања за време на учебната година, учествуваа и на церемонијата за Комеморација на крајот на Втората светска војна на 8 мај на француските гробишта во Битола во присуство на Aмбасадорката на Франција во Македонија. Учениците свечено ја поставија спомен плочата кои самите ја изработиле во чест на француските војници кои погинале на фронтот во Македонија за време на Првата светска војна. Тие потоа положија цвеќе на гробовите на војниците кои потекнуваат од регионот на Кутанс.

Оваа екскурзија е организирана во рамките на збратимувањето помеѓу средните училишта од Ла Рокел од Кутанс и Јосип Броз Тито од Битола, и е поддржано од програмата за мобилност на ученици на Регионот Нормандија.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x