Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

19 мај 2016

Изложбата „Свети места“ од Македонија поставена во Каен

Изложбата „Свети места“ од Македонија поставена во Каен


Публиката во Нормандија имаше можност да ужива во изложбата „Свети места“ која го доловува богатството на сакралното културно наследство на Македонија, кое го опфаќа периодот од Византија до Отоманската империја. Изложбата беше изработена од здружението „Македонида“ кое е посветено на промоција и заштита на националното културно наследство.

Изложбата беше свечено отворена во манастирот „l’Abbaye aux Dames“ на 18 мај 2016 година од страна на г-ѓа Кристиан Вулвер, регионалната советничка на Регионот Нормандија, г-ѓа Гордана Велков, куратор на изложбата и авторот, г. Панче Велков, од здружението „Македонида“.

Овој проект е поддржан од Соработката помеѓу Нормандија и Македонија во рамките на повикот на проекти 2015/2016. Втората фаза од проектот во соработка со Генералната дирекција за културно наследство на Регионот Нормандија ќе се состои од поставување на изложбата „Божествена убавина“ која ќе го претстави културното наследство на Регионот Нормандија во Музејот на Град Скопје.




Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x