Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

18 јун. 2016

 Младите и слободата на изразување во центарот на вниманието на FFF.mk!

Младите и слободата на изразување во центарот на вниманието на FFF.mk!

Categories: Култура, Млади  / 

Деветтото издание на Францускиот филмски фестивал во Македонија, уште еднаш ја олицетвори страста кон создавањето уметност, младите и слободата на изразување. Од 15 до 18 јуни 2016 година, Францускиот институт во Скопје ѝ понуди на македонската публика богата програма со актуелна тематика. Филмовите третираа теми од војната во Сирија и околината, а на програма имаше и филмски дела на познати режисери признати од страна на големите фестивали како Канскиот филмски фестивал.  

Втора година по ред, фестивалот посвети дел од програмата на младите од Македонија и на темата слобода на изразување. Натпреварот за мини видео, отворен за младите на возраст од 18 до 29 години, оваа година привлече 8 кандидати од Македонија. Избраните видеа ја потврдија големата креативност на нивните автори, но ги искажаа и нивните лични ставови за слободата на изразување. Победникот на натпреварот, Бруно Велјановски со неговото видео "Шшшш ..." ќе учествува во септември на Фестивалот на краткометражен филм, Off-Courts во Трувил, Нормандија,  каде ќе работи на кратко видео за време на „Интернационалната Лабораторија за Креација“. Ова награда ја доделува Регионот Нормандија.  

Агенцијата за македонски филм организираше средба на која претставниците на фестивалот Off Courts можеа да се запознаат со македонските режисери и да го престават фестивалот на македонската публика.

Францускиот филмски фестивал, FFF.mk е поддржан од страна на Регионот Нормандија во рамки на соработката со Република Македонија, како дел од програмите за култура, франкофонија и човекови права.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x