Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

8 јул. 2016

Младинска размена: „Музиката која нè сплотува“

Младинска размена: „Музиката која нè сплотува“

Categories: Млади  / 

Денеска, на 8 јули 2016 година, четириесет млади франкофони од четири земји, Белгија, островот Реунион (Франција), Македонија и Србија се собраа во Струга по повод младинска размена посветена на музиката.

Проектот „Музиката која нè сплотува“ ја исполни желбата на младите франкофони да изработуваат инструменти и со нив да создаваат музика инспирирана од музичките традиции од секоја од земјите. За време на еднонеделната размена, младите ќе учествуваат на работилниците за изработка на едноставни инструменти со употреба на картон, конец, хартија, пластични шишиња и сл.
Исто така уметничките работилници посветени на создавањето музика и запознавањето со музичките и уметничките традиции на секоја од земјите, како и изработка на декорации и подготовка на сценски настап ќе се одржат во рамките на проектот.

Оваа размена е поддржана и финансирана од европската програма Ерасмус + и организирана од страна на АЛДА Скопје во партнерство со организациите „ Maison des jeunes des Banneux “ од Белгија, „ Jules Vernes  “ од Србија и „ Vivre ensemble avec nos différences “ од островот Реунион (Франција).

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x