Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

1 окт. 2016

Слобода и приватност на интернет: Обука на професорите од средните училишта

Слобода и приватност на интернет: Обука на професорите од средните училишта

Професори од средните училишта во Скопје учествуваа на работилница која имаше за цел да ја подигне свеста за човековите права во дигиталниот простор. На оваа работилница тие се запознаа со методите за работа на оваа тема со нивните ученици.

На 30 септември, фондацијата „Метаморфозис“ го презентираше проектот на којшто работи веќе неколку години заедно со Институтот за човекови права и мир од Каен, како и на учебникот издаден во рамките на оваа соработка.

На работилницата беа објаснети вежбите предложени во учебникот и работилниците кои можат да се реализираат на час со учениците.

Оваа активност е дел од проектот „Модел за подигнување на свеста кај младите за човековите права на дигиталниот простор“ во рамките на кој беа организирани повеќе работилници за подигање на свеста, како и обука на оваа тема за младите, родителите и професорите.

Проектот е поддржан од соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија во рамки на повикот за проекти 2015 – 2016 година.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x