Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

7 окт. 2016

Иф и Дебар подготвуваат стручни обуки во областа на туризмот и хотелиерството

Иф и Дебар подготвуваат стручни обуки во областа на туризмот и хотелиерството

Од 3 до 7 октомври 2016 година, Иф и Дебар имаа активна недела за време на посетата на делегацијата на Иф на Македонија со цел да ја разгледаат можноста за организирање на размена на обуки во областа на туризмот и хотелиерството.

Делегацијата на Иф беше предводена од Заменикот-градоначалник  на Иф, кој пристигна во придружба на 4 претставници на средното училиште „Франсоа Рабле“, меѓу кои Г. Монмусо, директорот на училиштето и 3 професори. Делегацијата ја пречекаа градоначалникот на Дебар, Ружди Љата и долгогодишниот партнер „Центар за одржлив развој на заедницата Дебар“ (CSCD). Во Дебар тие се сретнаа со претставниците на средното училиште, како и со претставници од областа на хотелиерството - пекари, ресторани и хотели каде би можеле младите од Иф да волонтираат во иднина.

Делегацијата исто така го посети Скопје, каде се сретна со Н.Е. г. Кристиан Тимониер, Амбасадорот на Франција во Македонија, и со претставници од Францускиот институт во Скопје. Амбасадата и Институтот ја поддржаа инцијативата на делегацијата.

Последна активност на агендата на делегацијата беше посетата на средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје, најголемото средно училиште за хотелиерство во Македонија. Делегацијата имаше можност да се запознае со методите и техниките на предавање во оваа област.

Општините Иф и Дебар соработуваат од 2009 година во рамките на соработката помеѓу Нормандија и Македонија.




Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x