Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

20 окт. 2016

Европскиот волонтерски сервис во Скопје : Искуството од волонтерско гледиште

Европскиот волонтерски сервис во Скопје : Искуството од волонтерско гледиште

АЛДА Скопје беше домаќин на двајца волонтери од Франција во периодот од јуни 2015 до јули 2016 година. Рафаел Галвез и Натали Баргез се двајца млади французи кои беа дел од проектот на Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) во канцеларијата на АЛДА во Скопје. Тие работеа на проектот „Волонтери за европско сеќавање“, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.Двајцата ЕВС волонтери гостуваа во АЛДА Скопје како дел од програмата „Еразмус +“, која е финансирана од Европската комисија.

1.    Поминавте една година волонтирајќи во АЛДА Скопје како дел од проектот „Волонтери за европско сеќавање“. Која беше главната цел на проектот?

Натали: Овој проект се фокусираше најмногу на младинската мобилност во Европа и на сеќавањето на Првата светска војна во Македонија. Двете теми беа многу важни затоа што младите луѓе во Македонија немаат многу советување и информации за нивните можности за мобилност. Згора на тоа, работата на проекти за промовирање на културното наследство на Првата светска војна во Македонија е важно за поттикнување на помирувањето во балканскиот регион.

Рафаел: Главната цел на проектот за мене беше да ги промовирам чувствата за обединување и европско припаѓање, со поспецифичен фокус на Македонија и на земјите од западнобалканскиот регион, со собирање на млади луѓе од Европа и организирање на заеднички активности кои поттикнуваат толеранција и меѓукултурно разбирање.

2.    Може ли да ни кажете што сте добиле од изминатите 12 месеци како ЕВС волонтер во АЛДА Скопје?

Натали: За време на ова вредно искуство научив како да се адаптирам, како да спроведувам работилници и меѓународни конференции, како да пишувам предлози за проекти и имав можност да ги развивам моите вештини за организирање и комуникација.Со откривањето на нова култура и нови перспективи, станав посигурна и пољубопитна и конечно, ќе го искористам ова меѓународно искуство за да развивам свои професионални проекти.

Рафаел: Меѓукултурната страна од проектот ми овозможи да бидам посвесен за шаренилото на Европа и подобро да се соочам со разликите помеѓу начините на размислување на луѓето од професионалнo гледиште. Исто така, добив сигурност во областа на раководење со проекти на европско ниво, што е вистинска предност во светот кој станува се’ повеќе глобален.

3.    Кои беа вашите активности и цели за работа за време на волонтирањето?

Натали: Со цел да се поткрепи младинското учество на Балканот и за да се развие сеќавањето на Првата светска војна во регионот, учествував во проекти поврзани со овие области преку, на пример, истражувачка работа, па дури и задачи за организација на настани. Освен тоа, помагав во организацијата на младински размени и конференции, бев поддршка при организација на работилници за француската култура, помагав во пишувањето на предлози за проекти, наоѓање партнери и анализирање на фондови од ЕУ во Македонија.

Рафаел: За време на моето волонтирање работев на младински проекти на локално и регионално ниво во западнобалканскиот регион. Помагав во спроведување и координирање на активности од Балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог, еден од главните младински проекти на АЛДА кој има цел да го охрабри младинскиот активизам во општеството и младинското учество во процесите на донесување одлуки во регионот. На локално ниво, помагав во промовирањето на француската култура и можностите за младински размени со Франција за млади заинтересирани во откривањето на нова култура и нов пристап кон добивање образование и работа.
Моите цели беа да се зголеми свеста кај младите за можностите со кои тие може да напредуваат заедно со општеството во кое живеат за да не бидат само пасивни набљудувачи на она што се случува околу нив.

4.    Дали би ја препорачале програмата „Еразмус+“, посебно можностите за ЕВС, на другите млади луѓе? Зошто?

Натали: Европскиот волонтерски сервис е совршена можност за развивање на вештините на младите луѓе и за изградба на генерација на млади европски граѓани кои се непристрасни и активни на локално и европско ниво. Оваа програма е одлична и уникатна. Овозможува запознавање на навистина интересни луѓе со различни искуства, разбирање нови култури и откривање на невладината околина и нови области.

Рафаел: Дефинитивно би го препорачал ЕВС-искуството на сите млади луѓе од 18 до 30 години за три главни причини:
-    Пред се’, тоа е начин за истражување нови точки на интерес кои може да имаат влијание во нивните идни професионални животи.
-    ЕВС-искуството е и можност за младите да се инспирираат од нови култури, но и од нови начини за соочување со теми и со тоа да ги подобрат своите вештини. Од друга страна, тие ќе ги инспирираат луѓето со кои работат, посочувајќи кон важен дел од ЕВС програмата: размената меѓу луѓето.
-    Конечно, ЕВС е начин за младите да ги развијат своите лични мрежи со среќавање на луѓе, запознавање на нови европски пријатели кои ќе бидат дел од нивните иднини, како и нивната професионална мрежа, со тоа што се во контакт и работат со организации и институции на европско ниво во период од една година.  


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x