Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

10 ноем. 2016

Средба на партнерите од Нормандија во Каен

Средба на партнерите од Нормандија во Каен

Categories: Координација  / 

Преглед на досегашните и идните активности во рамките на соработката помеѓу Нормандија и Македонија: средба на партнерите од Нормандија во Каен

На 9 ноември 2016 година, партнерите од Нормандија од соработката помеѓу Нормандија и Македонија се сретнаа во канцелариите на Регионалниот совет на Нормандија. Тие разговараа за активностите реализирани во последните три години од програмата, поддржани од Министерството за надворешни работи и меѓународен развој на Франција.

Оваа последна тригодишна програма беше исполнета со многу активности во областите како мобилност на млади и размени помеѓу средните училишта, општините и здруженијата. Програмата беше збогатена и со нови аспекти на соработката во областа на Човековите права, мобилност на уметниците и повиците за проекти. Локалните власти имаа можност да ги одржат и развијат размените и покрај тешкотиите настанати за време на локалните избори и територијалните реформи.

Потоа, Сабин Гише Лебаји, раководител на одделот за Европа и меѓународни односи на Регионот Нормандија, ја претстави новата меѓународна стратегија на регионот. Со оваа стратегија регионот ја потврди желбата да продолжи со програмата посветена на Првата светска војна во рамките на неговата програма „Нормандија за мир“.

Во продолжение на средбата, партнерите разговараа за идните активности и за нови начини на работа во рамките на соработката помеѓу Нормандија и Македонија.

Македонските партнери исто така ќе организираат средба во Македонија во периодот кој следи.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x