Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

11 ноем. 2016

Општините Новаци и Коломбел официјално ја започнаа својата соработка

Општините Новаци и Коломбел официјално ја започнаа својата соработка

За прв пат, делегација на општина Новаци ја посети општината Коломбел во Нормандија. Од 9 до 13 ноември 2016 година, партнерите од Македонија имаа можност да ги посетат канцелариите на општината, училиштата и објектите наменети за младите и културата, како и комуналните претпријатија.

Граѓаните на Коломбел се запознаа со историјата на Првата светска војна во Македонија за време на свеченостите по повод  11-ти ноември, денот на примирјето од Првата светска војна. Општината Новаци се наоѓа на линијата на фронтот на Првата светска војна каде се уште можат да се видат остатоците од тој период. Граѓаните исто така беа поканети да ја посетат изложбата изработена од страна на здружението „Mémoire pour la Vie“ и учениците од средното училиште „Жан Мермоз од Вид“. Еден од авторите на изложбата, Ерик Алар, одржа предавање посветено на нивните истражувања во Македонија.

Претставниците на општина Новаци беа исто така почесни гости на свеченостите по повод 11-ти ноември, денот на примирјето од Првата светска војна. По прославата, Новаци и Коломбел официјално ја започнаа својата соработка со потпишување на Меморандум за соработка. Партнерите разговараа за нивните активности и се одлучија да соработуваат во областа на младите и образованието, Првата светска војна и културата.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x