Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

30 ноем. 2016

16то издание на Самитот на Франкофонија на Мадагаскар

16то издание на Самитот на Франкофонија на Мадагаскар

16-тото издание на Самитот на Франкофонија се одржа од 22 до 27 ноември 2016 година на Мадагаскар. Шефови на држави и влади на земјите-членки на Франкофонијата дискутираа на тема „Споделен раст и одговорен развој: услови за стабилност на светот и франкофонскиот простор“.

Катица Јанева од Канцеларијата на Соработката помеѓу Нормандија и Македонија во Скопје беше дел од Самитот како член на Комитетот за изработка на младинската стратегија за млади франкофони, како и дел од македонската делегација. Таа имаше можност да учествува на седниците на Постојаниот совет на Франкофонијата, Министерската конференција на Франкофонијата, и на Самитот на шефови на држави и влади. 16-тиот Самит на Франкофонија е првиот самит кој ги вклучи младите во делегациите и во инстанциите одговорни за донесување одлуки на Франкофонијата.

Тематиката на Франкофонијата е вклучена во дел од активностите на Соработката помеѓу Нормандија и Македонија веќе подолго време.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x