Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

12 дек. 2016

Регионот Пелагонија ги продолжува активностите во областа на туризмот

Регионот Пелагонија ги продолжува активностите во областа на туризмот

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организираше средби со  локалните туристички чинители на 6 и 7 декември 2016 година во Битола.

Работилниците имаа за цел да ги обединат чинителите, кои разговараа за предностите и слабостите на туристичката понуда на Пелагонискиот регион и можните решенија на регионален план.

За време на работилниците, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја презентираше анализата на искуството на Областа на заливот Мон-сен-Мишел, кој ги промовираше гастрономијата и традиционалните вештини како двигатели на туризмот.

Веќе подолг период, Пелагонија соработува со Областа на заливот Мон-сен-Мишел. Нивните размени имаат за цел да изнајдат решенија за подобрување на туристичката понуда на регионално ниво. Во рамките на овој проект, културата и туризмот придонесуваат кон регионалниот развој.

Овие активности се поддржани од програмата на соработката помеѓу Нормандија и Македонија. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x