Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

25 јул. 2017

Прво прикажување на документарниот филм Current Past на Арно Ланује

Прво прикажување на документарниот филм Current Past на Арно Ланује

На 30 мај 2017 година во 18.30 часот, во амфитеатарот на библиотеката на Коломбел, ќе биде организирано првото прикажување на документарниот филм Current Past на Арно Ланује.

Документарниот филм го доловува музичкото наследство на Балканот, поточно традиционалната музика во Македонија, Бугарија и Босна и Херцеговина. По двогодишните подготовки, патувања и истражувања, овој млад режисер создаде филм кој, според него „гради мост помеѓу културите од југоисточна Европа со западна Европа, ги смирува прекуграничните односи и ги истражува можните насоки кон кои општествата се движат преку призмата на помалку популарните музичките практики“.
По прикажувањето на филмот ќе биде организирана кино-средба, со цел да се запознае публиката со деталите на приказната и продукцијата на филмот. Премиерата е предвидена за септември 2017 година. 

Документарниот филм е сниман во рамките на програмата на децентрализираната соработка помеѓу Коломбел и Новаци, во партнерство со асоцијацијата Балкан Транзит.
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x