Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

11 ноем. 2017

Конвенција за соработка помеѓу АЛДА и Коломбел

Конвенција за соработка помеѓу АЛДА и Коломбел

На 11 ноември 2017 година, во Коломбел, Франческо Зарзана, член на управниот одбор на АЛДА и Марк Потије, градоначалник на Коломбел потпишаа конвенција за партнерство во рамките на програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија. 

Конвенцијата претставува продолжување на партнерството и координативната улога на АЛДА во рамки на спроведувањето на активностите на програмата за соработка помеѓу чинители од Нормандија и Македонија.

Г. Зарзана имаше можност да присуствува на свеченостите за време на комеморацијата од стогодишнината на Првата светска војна во Коломбел и одблиску да се запознае со активностите на програмата.

Од 2007 година, АЛДА и канцеларијата на АЛДА во Скопје е главен административен и финансиски координатор на програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија.
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x