Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

25 дек. 2017

Официјален извештај од форумот „Европски перспективи за локалната самоуправа“

Официјален извештај од форумот „Европски перспективи за локалната самоуправа“

Categories: Координација  / 

80 учесници учествуваа на бројни предавања, дебати, обуки и презентации за време на форумот „Европски перспективи за локалните власти“, кој беше одржан од 29 до 31 март 2017 во Битола. Претставници од Делегацијата на ЕУ во Македонија, државни институции и локални власти беа говорители и предавачи на форумот, а Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА ги водеше обуките.

Форумот беше прв од овој вид кој досега се одржал во земјата. За време на форумот беа одржани вкупно 6 панел-дискусии, 4 презентации и 4 тренинг-сесии, кои беа водени од 30 предавачи и тренери кои се експерти во областа. Меѓу учесниците имаше претставници на општини, министерства, центри за регионален развој и граѓански организации.

Придонесите и заклучоците на предавачите и учесниците се претставени во официјалниот извештај кој може да се пронајде овде.

Подолу може да го пронајдете и видеото за форумот.

Форумот беше одржан во рамки на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Македонија, координиран од АЛДА во соработка со Министерството за локална самоуправа и Секретаријатот за европски прашања. Настанот беше поддржан од Министерството за надворешни работи на Франција и регионот Нормандија. 

+

Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x