Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

10 јан. 2018

Национална кампања „365 работнички права за младите!“

Национална кампања „365 работнички права за младите!“

Categories: Млади  / 

Националната кампања „365 работнички права за младите!“ организирана од страна на Коалиција СЕГА официјално започна на 1 јануари 2018 година.

Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права. Предвидените активности имаат за цел да ги информираат младите луѓе за нивните права на работното место како и на кој начин да се информираат за нив.

Кампањата „365 работнички права за младите!“ вклучува серија на активности кои ќе се спроведуваат во текот на 2018 година и предвидуваат: консултативно - едукативни средби, јавни дискусии, информативни денови и настани преку кои ќе се опфатат голем број на млади (средношколци и студенти), млади работници, работодавачи, донесувачи на одлуки на локално и национално ниво и невладини организации.

Националната кампања „365 работнички права за млади!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Нормандија (Франција) и Република Македонија. Кампањата се спроведува
во соработка со Факултети.мк и Агенција за млади и спорт на Р. Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x