Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

23 септ. 2014

Вевчани и Ерманвил ја зајакнуваат соработката

Вевчани и Ерманвил ја зајакнуваат соработката

Општината Вевчани и општината Ерманвил најавија засилено продолжување на нивната соработка за време на работните средби меѓу двата града, одржани на 21 и 22 септември 2014 година. Двајцата советници од Ерманвил, Пјер Шмит и Роже Ије, се сретнаа со новиот градоначалник на Вевчани, Цветомир Угриновски и разговараа за идните теми и активности на работа.

Двете општини, збратимени во 2011 година, се договорија да продолжат да соработуваат на тема млади, но овој пат со посебен акцент на образованието. Првата средба на оваа тематика ќе се одржи во јуни, кога директорот на училиштето од Вевчани, заедно со наставниците,  ќе отпатуваат на студиска посета кај своите француски колеги.

Соработката на овие два града исто така ќе се зајакнува во доменот на културно наследство и културата. За таа цел се планира изготвување на  поголем проект заедно со други општини од Македонија и од Долна Нормандија.

Фото галерија од посетата
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x