Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

5 окт. 2014

Панта театарот од Каен влегува во соработката Долна Нормандија/Македонија

Панта театарот од Каен влегува во соработката Долна Нормандија/Македонија

Во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија започна нова соработка во доменот на културата со ПАНТА театарот од Каен околу проектот насловен „Пишување и режија, денес; фестивал на современи дела“. Овој проект е интересна размена помеѓу 2 земји кои разменуваат драматурзи, режисери и актери. Целта е промоција и истражување на современи авторски дела кои ќе бидат претставени пред публика. Фестивалот овозможува истражување на современи текстови и создавање на нови начини на интерпретација соочувајќи публика и автори од различни земји.

Директорот на ПАНТА театарот, г. Гиј Деламот беше во официјална посета во Скопје од 2 до 4 октомври 2014 година со цел да се запознае со современата македонска драмска сцена. Г. Деламот се запозна со претставници на релевантни културни институции како и со режисери и драматурзи кои се репрезентативни за македонскиот современ театар. Проектот „Пишување и режија, денес“ досега бил спроведен во многу земји меѓу кои и Италија, Финска, Германија, Грција, Либан.

2015 година ќе биде посветена на македонската драматургија. Тројца автори и двајца режисери од Македонија ќе учествуваат во овој невообичаен проект кој ќе се одвива во Каен, Франција.

Проектот „Пишување и режија, денес“ на ПАНТА театарот се води во координација со Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x