Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

27 ноем. 2014

Денови на француската култура во Дебар

Денови на француската култура во Дебар

Оваа година, за прв пат во Дебар се одржуваат Деновите на француската култура во организација на Центарот за одржлив развој на заедницата. Манифестацијата започна на 25 ноември 2014 година, со трибина на темата „ Патот на западен Балкан кон ЕУ ,со посебен осврт за Р.Македонија“. Овој настан е прв од серијата активности кои ќе следат во идниот период.

Трибината се одржа во просториите на општина Дебар и беше отворена од страна на г. Себастијан Ботро Бонтер, Аташе за сработка во Француска амбасада, и г. Ружди Љата, градоначалник на општина Дебар. Тие зборуваа за перспективите на евроинтегративните процеси на Балканот и Македонија. 

Програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија беше претставена од страна на Катица Јанева, претставник на канцеларијата за соработка во Скопје.

По трибината следеше изложба на цртежи со француски мотиви, изработени од дебарските основци и предмети од дебарското културно наследство.

Во рамките на Деновите на француската култура ќе се одржи вечер на француска музика, филм и изложба.

Оваа активност е организирана во рамките на проектот „ Културно наследство – врска помеѓу минатото и иднината„ спроведуван од Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар, во партнерство со општините Дебар и Иф од Долна Нормандија. Овие две општини соработуваат од 2009 година. Проектот е финансиски подржан од Програмата за соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија. 
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x