Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

17 дек. 2014

Промовиран педагошкиот прирачник „Слобода на изразување и приватност во дигиталната ера“

Промовиран педагошкиот прирачник „Слобода на изразување и приватност во дигиталната ера“


На 11 декември за време на конференцијата „Е-општество: Човекови права на интернет“  беше промовиран Педагошкиот прирачник за работа со млади „Слобода на изразување и приватност во дигиталната ера“.

Овој прирачник претставува педагошка алатка наменета за оние кои работат со млади на возраст од 15 до 25 години. Целта на прирачникот е да понуди алатки што ќе овозможат да се подигне свеста на младите за човековите права во дигиталниот свет. Човековите права на интернет не се доволно познати, овој прирачник е со цел да се запознаат со нив за да се почитуваат и заштитуваат.

Прирачникот беше изработен од страна на Фондацијата Метаморфозис и Институт за човекови права и мир во Каен во рамки на програмата за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија.

Прочитајте повеќе на интернет страницата на Метаморфозис тука.

Прирачникот е достапен во дигитална верзија и може да се преземе на француски и македонски јазик подолу.
Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x