Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

4 фев. 2015

Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог

Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог

Од јануари 2015 година, Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) заедно со 7 агенции за локална демократија од Балканот, и канцеларијата на АЛДА во Скопје формира Балканска регионална платформа за младинско учество и  дијалог. Оваа нова Балканска платформа има за цел да воспостави мрежа од граѓански организации и локални власти со цел да се зајакне младинското учество, особено на младите со помалку можности.

Платформата овозможува низа активности како вмрежување, јакнење на капацитети, истражување и анализа, размена на искуства меѓу земјите од регионот.

Канцеларијата на АЛДА во Скопје во партнерство со општина Вевчани ќе организира серија на обуки, размени, работилници со цел да се создадде младинско советодавно тело и младински информативен центар за зголемување на активното учество на младите во креирањето на локалните политики.

Првата средба на партнери се одржа во Мостар, Босна и Херцеговина од 27 до 29 јануари 2015 година. Формирањето на оваа Балканска платформа е поддржана со оперативен грант од Европската комисија. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x