Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

5 фев. 2015

Општина Кавадарци – Локална Самоуправа

Општина - Кавадарци

Интернет страница : www.kavadarci.gov.mk

Контакт е-пошта : opshtina@kavadarci.gov.mk

Тема на која ќе работите :

  • Култура и културно наследство

Баран тип на структура за партнерство :

  • единици на локална самоуправа

Краток опис на проектот :

        Во насока на поддршка на територијалниот развој и политиките за децентрализација во Македонија и Франција, проектот „Промоција на природното и културното наследство“  е дизајниран да придонесе за спроведување на заеднички активности преку искористување на постојаното природно и културното наследство на двата региони. Главната цел  е поддршка и промиција на културно наследство во Кавадарци и регионот Долна Нормандија.

Богатото културно наследство во Тиквешкиот регион е резултат на традицијата која претежно е поврзана со лозарство и винарство. Почетоците на одгледување на винова лоза во Тиквешијата  датираат уште од 4 Век п.н.е. Виното во средниот век било пијалок на сите сталежи, а со вино се плаќало и данок. Францискиот патописец Ами Буе кој за време на своето патување низ Тиквешијата забележал дека сортите на грозје кои се одгледувале во Кавадарци имале јајцевидна форма и биле покрупни од француските. Почитта кон виновата лоза и лозарството во овој познат лозарски регион се изразува преку двете најзначајни стопанско туристички манифестации Св. „Трифун“ и „Тиквешкиот гроздобер“. Секоја година на 14-ти февруари се слави православниот христијански празник Св.Трифун заштитникот на виновата лоза и овошките. Симболично се закројува виновата лоза, што впрочем го означува почетокот на новата реколта. Според верувањата овој ритуал треба да обезбеди богат род. Се нудат домашна ракија и вино, а празничната еуфорија се чуствува по целиот град надополнета со песна. Почнувајќи од 1964 година секоја година во првата половина во месец септември се организира неколку дневна стопанско туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“. Оваа манифестација го означува почетокот на масовното берење на грозје. На плоштадот во град Кавадарци симболично се откинува првиот грозд од страна на Градоначалникот и винската кралица и крал со што се официјализира масовната берба на винските сорти грозје. Преку овој настан симболично е претставена и преработката односно капењето на грозје кога во импровизиран сад за грозје се истураат поголеми количини и во него влегуваат девојки кои боси го гмечат грозјето со нозете. Тиквешкиот гроздобер се прославува преку песна со многу грозје, вино и ракија.

Идејата за проектот доаѓа токму од древната традиција и тајниот начин на кој овој благодарен пијалак засекогаш се здружил со животот и со поднебјето на кое настанува. Сите активности кои ќе се спроведат во рамките на соработката ќе придонесат кон подигнување на свеста за културните вредности на двете територии. Реализацијата на проектот ќе придонесе за промоција на културното наследство, зголемување на нивото на знаење преку трансфер на искуства, споделување на информации кои се темелат на основа на традиција, иновации и најдобри практики и примери во винскиот сектор.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x