Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

17 фев. 2015

Средба со претставниците од Долна Нормандија и Француската амбасада

Средба со претставниците од Долна Нормандија и Француската амбасада

Categories: Координација  / 

Министерот за локална самоуправа г. Лирим Шабани на 28.01.2015 одржа работна средба со директор на Одделот за европски прашања и меѓународна соработка од регионот на Долна Нормандија - Франција г. Александар Фолот и амбасадорот на Република Франција во Република Македонија г-ѓа Лоренс Оер.

Министерот Шабани им се заблагодари на присутни за посетата и за досегашните заеднички постигнувања  и изрази подготвеност за продолжување на соработката и интензивирање на  заедничките активности за да имаме повеќе резултати за двете земји.

Исто така и г. Александар Фолот изрази благодарност за гостопримството од страна на министерот Шабани и изрази подготвеност од страна на Нормандија да се продолжи со активностите а кои се предвидени како и за другите активности кои можат да произлегуваат од двете страни.

Двете страни се договорија да продолжат со активностите за да понудат повеќе проекти за  двете земји, како и да се искористат искуствата и ресурсите од двете страни.

Исто така стана збор  и за последниот повик за проект  предлозите  а кои се во тек ,каде што треба и овде да им се помогне на  апликатите во изнаоѓање на стратешки партнери од двете земји за да имаат што повеќе можни проект предлози.

Превземено од интернет страницата на Министерството залокална самоуправа на Македонија
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x