Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

15 мај 2014

Професори по стапките на заборавените Источни војници

Професори по стапките на заборавените Источни војници

Од 2008 година група професори од средното училиште Мермоз заедно со учениците води проект на тема борбите на Балканот за време на Првата Светска војна.

Веќе шест години, тројца професори од средното училиште Жан-Мермоз работат на темелни истражувања за сеќавање на Источната армија, која се бореше на Балканот за време на Првата Светска војна помеѓу 1915 и 1918 година. „Источниот фронт не е доволно познат, недоволно истражувања се направени“, посочува Пјер Бенаби, еден од професорите по книжевност и историја од Вир.

Сè започна во 2008 година преку иницијатива од страна на Европската Унија, во рамки на процедурата за членство на Македонија во истата. Долна Нормандијаеше избрана за да направи вмрежување со средните училишта во Македонија. Благодарејќи на страста која што ја имаат за оваа тематика професорите Пјер Бенаби, Ерик Алар и Емануел Л’плиме беше одлучено општината Вир да го води овој амбициозен проект со Македонија.  

 

Професорите водеа истражувања преку пронајдени записи на војниците, археолошки пронајдоци, собирање на документи (фотографии, цртежи, кореспонденција...), контакти со македонците. Работата на учениците и професорите беше исцрпна во регионот на Битола и во југо-западниот дел од Македонија. „Потоа, за време на нашата посета во јуни 2008 година склучивме партнерство со средното училиште во Битола“, објаснува Ерик Алар.

Беа организирани посети со учениците во 2010 и потоа во 2012 година. Размените беа богати и информативни, средношколците составија патепис, професорите составија збирка со богата содржина од нивните истражувања, насловена По стапките на Источните војници. „Тие војници се заборавени, вели Пјер Бенаби. Ја започнавме оваа работа во нивно име и во име на нивните потомци.“

Оваа година, по повод стогодишнината од Големата војна, проектот на средното училиште Мермоз беше обележано од страна на владата како „Мисија стогодишнина“. „Спомен – плоча е изградена во стручното училиште на Мондвил“, истакнува Ерик Алар. „Моментално е во Вир. Одговорните за логистика работат за да ја пренесат во Битола преку иницијатива на Шател и Министерството за надворешни работи.“

Спомен-плочата би можела да има инаугурација за време на церемонија на 11 ноември во Македонија, во присуство на средношколците од Вир. „Го повлековме конецот од клопчето и сега го одвиткуваме“, се смее Пјер Бенаби.

Двајцата професори од Вир се надеваат дека ќе можат ова лето да го посетат селото Рапеш „за да ги продлабочиме нашите истражувања“. Ова ново истражување би можело да води кон втора публикација на крајот на годината.

Овие професори започнаа исто така истражувања за Леополд Монтоја, авиатичар од Бордо, убиен во април 1918 година на Балканот. „Дознавме дека анонимен човек го продаваше албумот со фотографии за ескадрилата на овој пилот. Меѓутоа, не бевме навремено информирани за продажбата на интернет. Албумот го купи страствен авиатичар од Нов Зеланд. Тоа е зачудувачка база на фотографии.“ Професорите од Вир сепак успеале да добијат копија од документот и се надеваат дека ќе бидат во можност да состават ново дело.

оригинална верзија на француски јазик во весникот Уест-Франс (Ouest-France)
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x