Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

11 мар. 2015

Изложба инспирирана од Македонија во Каен

Изложба инспирирана од Македонија во Каен

Categories: Култура  / 

Изложбата Промоција на Алексис Дебеф беше отворена на 7 март 2015 година во Каен.

Алексис Дебеф работеше на оваа изложба за време на неговата уметничка резиденција во Културниот центар во Битола во август 2014 година.

За време на оваа резиденција „Алексис Дебеф ги набљудуваше урбанистичките промени кои се случувааt во Македонија последните неколку години. Овие случувања го инспирираа ументикот да се запраша за односот кој постои помеѓу Уметноста и моќта, како и начините и методите на комуникација помеѓу двата поима. Неговата изложба претставува согледување на една појава која се случува во голем број градови денес, издигнувањето споменици со цел да станат поатрактивни. Олицетворение на неговото размислување се серијата предмети, дел од оваа изложба која ја преобразува галеријата LA FERMETURE ECLAIR во сала со трофеи.“

Уметничката резиденција е дел од активностите за уметничка и културна мобилност на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија, координирани од страна на Локомотива. Се спроведува со поддршката на Францускиот институт во Париз и Регионалниот совет на Долна Нормандија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x