Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

25 апр. 2015

Повик за млади новинари, фоторепортери и блогери

Повик за млади новинари, фоторепортери и блогери

Categories: Сеќавање  / 

Доколку ве интересира истражувачко новинарството или фоторепортерството ве повикуваме да ни се придружите на патувачкиот семинар „По стапките на Албер Лондр“. Овој патувачки семинар ги спојува сите видови на новинарство и им дава можност на студенти по новинарство или комуникација или млади професионалци да истражуваат за Првата светска војна на Балканот.

Семинарот е инспириран од писанијата на новинарот репортер Албер Лондр и се одржува веќе четири години низ Балканот и во Франција. Во рамки на овогодишниот семинар насловен „По стапките на Источниот фронт“ предвидени се патувања во Македонија, Албанија и Грција по стапките на војниците кои се бореле на Балканот.

Семинарот „По стапките на Албер Лондр“ ќе се одвива од 1 до 20 август 2015 година и е отворен за 2 студенти по новинарство или комуникации од Македонија на возраст од 18 до 26 години, кои зборуваат француски јазик.

Семинарот дава уникатна можност за студентите кои се стремат да се занимаваат со истражувачко новинарство или фоторепортерство да истражуваат на терен предводни од искусни новинари и фоторепортери. Паричното учество за 20 дена во семинарот изнесува 3000 денари со кои се покриени целокупните трошоци за пат, сместување и храна.

Крајниот рок за испраќање на кандидатурите е 30 мај.

Вашата биографија, мотивационо писмо (на француски јазик) и резултати од вашша претходна работа (написи, фотографии, блог итн.) испратете ги на следниве е-маил адреси:

-          alain.valentini@francetv.fr

-          alejandramagnasco@yahoo.fr

Семинарот „По стапките на Албер Лондр“ е организиран во рамките на програмата за мултилатерална соработка Франција/Балкан, во партнерство со Pays Vichy Auvergne, Регионалниот совет на Долна Нормандија, Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) и канцеларијата за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје.

За повеќе информации посетете ја интернет страната на проектот: www.sur-les-pas-d-albert-londres.fr или описот на проектот во прилог. 

Tags:

Documents to download

Name:
Email:
Subject:
Message:
x