Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

15 апр. 2015

Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија прослави 10 години!

Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија прослави 10 години!

Categories: Координација  / 

На 8 и 9 април 2015 г. партнерите од Македонија и Долна Нормандија прославија 10 години од соработката во Каен. Настанот овозможи размени помеѓу долгогодишните партнери и поглед кон минатите активности на соработката.

Настанот се отвори со размена на искуствата на институционалните партнери на соработката, претставници од Регионот Долна Нормандија и Република Македонија како и Француската амбасада во Македонија која што ја потврди нејзината поддршка и им честита за вложениот труд на сите чинители ангажирани во соработката во текот на овие десет години. Потоа, патнерите од Македонија и Долна Нормандија ги претставија своите заеднички проекти на разноврсни теми како што се : културата, младите, Човековите парава, новите технологии како и Првата светска војна во Македонија. Еидниците за локална самоуправа од Долна Нормандија и Македонија исто така ги претставија своите активности во рамки на соработката но, и нивните придобивки од овие партнерства.

Првиот ден се заврши со концерт на Тони Китановски и Черкези Оркестар пречекани со голем ентузијазам од француско-македонската публика. Настапуваше исто така и Оркестарот Баруф кој беше на уметничка размена во Македонија преку соработката со Долна Нормандија.

Вториот ден беше посветен на три тематски работилници кои овозможија дискусии за иднината на соработката. Трите работилници беа насочени кон перспективите за институционалната соработка помеѓу локалните самоуправи, соработката со Балканот и потенцијалната економска соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Овој настан беше повод да се прослави оваа плодна соработка која ги зближи Долна Нормандија и Македонија, овозможи партнерства, пријателства и меѓукултурни размени.

Како што изјавија голем дел од партнерите за време на прославата: „Се надеваме дека ќе ја прославиме и педесетгодишнината од оваа соработка!“  

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x