Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

27 јун. 2014

Избрани учесниците од Македонија за Универзитетот на мир во Каен

Избрани учесниците од Македонија за Универзитетот на мир во Каен

Голем број на ентузијастични франкофони од Македонија се пријавија за учество на Универзитетот на мирот 2014. Токму од тие причини процесот на селекција беше мошне тежок за Канцеларијата на соработката Долна Нормандија/Македонија и Меѓународниот Институт за Човекови права и мир од Каен. Поради големиот интерес за Универзитетот на мирот 2014, оваа година Институтот за Човекови права и мир од Каен реши да поддржи седум учесници од Македонија.

23 јун. 2014

Збратимените градови Велес и Шербур ја продлабочуваат соработката

Збратимените градови Велес и Шербур ја продлабочуваат соработката

Од 17 до 20 јуни француска делегација од градот Шербур беше во посета на Велес. Делегацијата предводена од Барзен Бонјади, член на општинскиот совет на Шербур одговорен за млади оствари средба со претставници на Советот на Општина Велес, директорите и професорите по француски јазик од четирите средни училишта во Велес. Три професори од Шербур беа присутни со цел да ја зацврстат соработката помеѓу двата града преку работата на училиштата.

16 јун. 2014

Седмото издание на фестивалот на француски филм започна

Седмото издание на фестивалот на француски филм започна

Започнува седмото издание на фестивалот на француски филм кој ќе се одржува од 18 до 22 јуни во Скопје и Охрид. По тој повод беше одржана прес конференција на 16 јуни на која француската амбасадорка во Македонија госпоѓа Лоренс Оер ја најави популарната комедија „КЕ Д’ОРСЕ“ на Бертран Таверние која ќе го отвори фестивалот.

15 јун. 2014

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА започнува со проектот „Европа овде – Европа таму (1914-2014)“

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА започнува со проектот „Европа овде – Европа таму (1914-2014)“

Универзитетот за аудиовизуелни уметности Скопје (EСРА) го започнува интересниот проект насловен „Помирувањето и визијата за заедничката иднина на Балканот и Европа. Европа овде – Европа таму (1914-2014)“. Концептот на овој проект е евоцирање на амбиентот во Европа 1914 година, низ аспектот на Европа 2014 преку работата на млади луѓе од сферата на фотографијата и филмот, литературата, ликовните уметности и музиката.

15 јун. 2014

Обука за наставниците на тема слобода на говор и приватност на интернет

Обука за наставниците на тема слобода на говор и приватност на интернет

Во текот на оваа недела, тимовите на Фондацијата Метаморфозис од Скопје и Меѓународниот институт за човекови права и Мир од Каен ќе се сретнат во Долна Нормандија. Нивната професионална средба има за цел да ги обучи оние кои обучуваат. Се работи за предавања наменети за наставниците и обучувачите преку кои ќе се истражат и анализираат моделите и методите на едукација, со цел да се истакне важноста на слободата на говор кај младите.

RSS
123