Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

26 авг. 2014

Младите ја завршија обуката за човекови права и дела од омраза

Младите ја завршија обуката за човекови права и дела од омраза

На 25 август Школата за човекови права за млади ги додели сертификатите на 20 македонски и француски учесници. Оваа летна школа организирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Институтот за човекови права и мир од Каен, која се одржа во Скопје, им овозможи на младите од Македонија и Франција да разменуваат мислења на темата „дела од омраза помеѓу младите по основ на етничка и религиозна припадност“ кај младите.

20 авг. 2014

Започнува Школата за човекови права во Скопје

Започнува Школата за човекови права во Скопје

На 19 август, 20 млади од Долна Нормандија и Македонија учествуваа на официјалното отварање на „Школата за човекови права за младите од Република Македонија и Франција“ во Скопје. Летната школа е на тема „дела од омраза помеѓу младите по основ на етничка и религиозна припадност“. 

19 авг. 2014

Општината Новаци во соработката

Општината Новаци во соработката

На 12 август, Лоранс Оер, амбасадорката на Франција во Македонија и Ивана Димитровска, шеф на канцеларијата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија беа во работна посета во општината Новаци. Таму, имаа прилика да разговараат со градоначалникот за можностите на соработка во областа на образованието, економијата како и културното наследство. 

13 авг. 2014

Започнаа истражувањата на Локомотива за иницијативата „Женски приказни“

Започнаа истражувањата на Локомотива за иницијативата „Женски приказни“

Истражувањата за проектот „Музеј на женски приказни“ започнаа. Станува збор за интересна програма особено значајна во контекстот на стогодишнината од Првата светска војна и седумдесетгодишнината од Втората светска војна.   „Женски приказни“ се заснова на истражувања кои ќе овозможат едно ново и поинакво читање на историјата на Македонија во почетокот на дваесеттиот век на територијата со цел да се проследи процесот на политичка, економска и културна еманципација на жената.

12 авг. 2014

Алексис Дебеф, современ уметник од Нормандија на резиденција во Македонија

Алексис Дебеф, современ уметник од Нормандија на резиденција во Македонија

Уметникот Алексис Дебеф од Нормандија ова лето ја избра Македонија за својата уметничка резиденција. Културниот центар во Битола е институцијата преку која овој уметник ќе ја извршува својата резиденција во Битола. Активностите ќе се одвиваат во рамките на фестивалот АКТО каде што ќе биде претставено неговото дело, инспирирано од неговиот престој во Македонија.

RSS
12