Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

28 окт. 2016

Саем за студии и туризам во Франција за младите Македонци

Саем за студии и туризам во Франција за младите Македонци

Како и секоја година, младите од Македонија имаа можност да ги откријат можностите за студирање во Франција и во странство.
Оваа година, саемот за студии во странство, организиран од Францускиот институт во Скопје се одржа на 27 октомври во Националната и универзитетска библиотека во Скопје.

27 окт. 2016

Македонските истражувачи во посета на Нормандија

Македонските истражувачи во посета на Нормандија


Научните истражувања предвидени во рамките на проектот за Првата светска војна во Македонија започнаа со првите активности на историско и етнолошко поле. Целта на ова истражување е да се открие повеќе за секојдневниот живот за време на Првата светска војна во Македонија. Во рамките на историскиот дел од истражувањата, истражувачите ќе го продлабочат знаењето за врската помеѓу војските и цивилите, додека пак на етнолошко поле, тие ќе обрнат внимание на животот на цивилите од Македонија за време на војната. 

20 окт. 2016

Европскиот волонтерски сервис во Скопје : Искуството од волонтерско гледиште

Европскиот волонтерски сервис во Скопје : Искуството од волонтерско гледиште

АЛДА Скопје беше домаќин на двајца волонтери од Франција во периодот од јуни 2015 до јули 2016 година. Рафаел Галвез и Натали Баргез се двајца млади французи кои беа дел од проектот на Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) во канцеларијата на АЛДА во Скопје. Тие работеа на проектот „Волонтери за европско сеќавање“, поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Двајцата ЕВС волонтери гостуваа во АЛДА Скопје како дел од програмата „Еразмус +“, која е финансирана од Европската комисија.

17 окт. 2016

Првата посета на делегацијата на Коломбел во Новаци

Првата посета на делегацијата на Коломбел во Новаци

Од 15 до 21 октомври 2016 година, претставниците на Коломбел ја посетија Општина Новаци и Македонија. Ова беше првата средба помеѓу идните партнери, Новаци и Коломбел, кои ќе потпишат Меморандум за соработка во ноември 2016 година. За време на средбата идните партнери разговараа за можните активности на соработката. 

14 окт. 2016

Изложбата "Божествена убавина" во Скопје

Изложбата "Божествена убавина" во Скопје
Фотографии и дела од црквите од Нормандија ќе бидат изложени во Музејот на Град Скопје од 13 до 19 октомври 2016 година. Изложбата Божествена убавина се состои од 40 дела кои сведочат за богатството на религиозното творештво и културното наследство на Нормандија.
RSS
12