Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

3 јул. 2014

Одбележани 100 години од почетокот на Првата светска војна во Сараево

Одбележани 100 години од почетокот на Првата светска војна во Сараево

На 28 јуни 2014 година канцеларијата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија заедно со многубројни организации, посетители и жители на Сараево, присуствуваше на одбележувањето на почетокот на Првата светска војна. Пред 100 години на истиот датум и истото место, австро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд бил убиен од деветнаесетгодишниот Гаврило Принцип.

15 јун. 2014

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА започнува со проектот „Европа овде – Европа таму (1914-2014)“

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА започнува со проектот „Европа овде – Европа таму (1914-2014)“

Универзитетот за аудиовизуелни уметности Скопје (EСРА) го започнува интересниот проект насловен „Помирувањето и визијата за заедничката иднина на Балканот и Европа. Европа овде – Европа таму (1914-2014)“. Концептот на овој проект е евоцирање на амбиентот во Европа 1914 година, низ аспектот на Европа 2014 преку работата на млади луѓе од сферата на фотографијата и филмот, литературата, ликовните уметности и музиката.

13 јун. 2014

Изложба – Баруф Оркестар ја прикажува традиционалната македонска музика

Изложба – Баруф Оркестар ја прикажува традиционалната македонска музика

Групата музичари од Долна Нормандија, Баруф оркестар, која се препознава во музичката традиција на Балканот, реши да ја промовира традиционалната македонска музика во Долна Нормандија на оригинален начин. Овој месец, Баруф Оркестарот ќе се претстави пред својата домашна публика во Франција преку изложба на текстови, фотографии и краток филм кои низ зборови, музика и слики ја прикажуваат нивната музичка авантура во Македонија. 

6 јун. 2014

Македонија го одбележува Денот Д

Македонија го одбележува Денот Д

Денес, на 6ти Јуни 2014 година, Франција и светот слават 70 години од Денот Д, Истоварувањето на сојузничките сили на брегот на Нормандија. По тој повод, на брегот на Нормандија денес се среќаваат светските лидери од земјите учеснички, преживеани ветерани, илјадници жители на Нормандија и посетители од целиот свет кои ќе им одадат почит на војниците кои беа дел од оваа битка.

2 јун. 2014

Документарна репортажа „Војникот Рајан од Битола“

Документарна репортажа „Војникот Рајан од Битола“

Спилберг пред неколку години одново ја откри пред големата публика приказната за војникот Рајан и ги доближи случувањата од Денот-Д на плажите во Нормандија преку блокбастерот „Спасувајќи го војникот Рајан.

RSS
First3456789101112