Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

27 мај 2014

Војникот Рајан од Битола

Војникот Рајан од Битола

Денот-Д, 6ти јуни 1944 година, датум кој што одекнува во сеќавањата на сите народи од светот. Во таа судбоносна битка клучна за победата над фашизмот и Македонија има свој претставник, битолчанецот Панде Матевски. По повод 70 годишнината од Денот-Д, на 30ти мај во Центарот за култура во Битола во 12 часот премиерно ќе се прикажува животната приказна на Панде Матевски преку кратка документарна репортажа со наслов „Војникот Рајан од Битола“.

21 мај 2014

Издание за културното наследство, туризмот и локалниот развој во Македонија

Издание за културното наследство, туризмот и локалниот развој во Македонија

Туризмот и културното наследство се секогаш актуелни теми во децентрализираната соработка. Со цел да се промовираат градовите во Македонија и нивниот потенцијал на овие теми, организацијата „Солидарни хоризонти (Horizons Solidaires)“ објави издание за Македонија на француски јазик.

15 мај 2014

Професори по стапките на заборавените Источни војници

Професори по стапките на заборавените Источни војници

Веќе шест години, тројца професори од средното училиште Жан-Мермоз работат на темелни истражувања за сеќавање на Источната армија, која се бореше на Балканот за време на Првата Светска војна помеѓу 1915 и 1918 година. „Источниот фронт не е доволно познат, недоволно истражувања се направени“, посочува Пјер Бенаби, еден од професорите по книжевност и историја од Вир.

9 мај 2014

Музичкото патување на Баруф Оркестар низ Македонија завршува

Музичкото патување на Баруф Оркестар низ Македонија завршува

Баруф Оркестар, невообичаената група музичари која доаѓа од Долна Нормандија а, се препознава во музичката традиција на Централна и Источна Европа, го заврши своето музичко патување низ градовите на Македонија. Нивната последна авантура беше изведбата во Могила на 8ми мај.

5 мај 2014

Француските музичари „Баруф оркестар” свиреа балканска музика во Скопје

Француските музичари „Баруф оркестар” свиреа балканска музика во Скопје

На 4ти мај 2014, во Скопје, Баруф Оркестар го наполни скопскиот ноќен бар Менада. Несекојдневната изведба на традиционалната музика од Балканот ја дигна на нозе целата публика. Така, француските музичари му кажаа довидување на Скопје, каде престојуваа неколку дена.

RSS
First3456789101112