Активности
Login |Register
20 септ. 2016
АЛДА Скопје ќе ангажира 2 волонтери од Франција, кои ќе престојуваат во Македонија во период од 1 година во рамки на програмата Еразмус +. Избраните кандидати ќе волонтираат во канцеларијата за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје преку Европскиот волонтерски сервис. Изборот на француските кандидати кои ќе волонтираат во Скопје е во тек.
12 септ. 2016
Бруно Велјановски е победникот на второто издание на натпреварот за мини-видео организиран од Францускиот институт во Скопје во рамките на Францускиот филмски фестивал FFF.mk.
На 13 август 2015 година, Јоан Шумахер се упати кон Македонија да го започне своето едногодишно волонтирање во рамките на Европскиот волонтерски сервис. По неговото враќање, ова дваесетгодишно момче од Ла Ферте-Масе одлучи да го сподели неговото искуство.
8 јул. 2016
Формиран во 2015 година, Младинскиот информативен центар „ИНФО СЕГА“ од Кавадарци е резултат на долгогодишната соработка на Коалицијата на младински организации СЕГА во рамки на програмата за соработка помеѓу Нормандија/Македонија. Коалиција СЕГА, како координатор на Инфо центарот во Кавадарци работи на постојано јакнење на капацитетите на своите младински работници. Неколку размени на добри практики со младински информативни центри од Нормандија веќе беа спроведени.