Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

19 септ. 2014

Делегација од Дебар во посета на Иф

Делегација од Дебар во посета на Иф

Од 22 до 26 септември, градоначалникот на Дебар, г. Ружди Љата како и претставници на Центар за одржлив развој на заедницата на Дебар ќе остварат работна посета во Иф. Посетата е предвидена во рамки на нивниот заеднички проект „Културното наследство – врска помеѓу минатотo и иднината“.

5 септ. 2014

Изложба на фотографии „Коњи на слобода во Европа“

Изложба на фотографии „Коњи на слобода во Европа“

Интересна изложба произлезе од невообичаена визија и партнерство помеѓу повеќе актери во Долна Нормандија и Македонија. Изложбата на фотографии насловена „Коњи за зачувување на природната средина : вкрстени погледи во Нормандија и Европа“. Изложбата се стреми да го истакне потеклото и еколошката улога на коњите кои потекнуваат од диви раси

19 авг. 2014

Општината Новаци во соработката

Општината Новаци во соработката

На 12 август, Лоранс Оер, амбасадорката на Франција во Македонија и Ивана Димитровска, шеф на канцеларијата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија беа во работна посета во општината Новаци. Таму, имаа прилика да разговараат со градоначалникот за можностите на соработка во областа на образованието, економијата како и културното наследство. 

13 авг. 2014

Започнаа истражувањата на Локомотива за иницијативата „Женски приказни“

Започнаа истражувањата на Локомотива за иницијативата „Женски приказни“

Истражувањата за проектот „Музеј на женски приказни“ започнаа. Станува збор за интересна програма особено значајна во контекстот на стогодишнината од Првата светска војна и седумдесетгодишнината од Втората светска војна.   „Женски приказни“ се заснова на истражувања кои ќе овозможат едно ново и поинакво читање на историјата на Македонија во почетокот на дваесеттиот век на територијата со цел да се проследи процесот на политичка, економска и културна еманципација на жената.

11 авг. 2014

Битола му оддава почит на локалниот херој, битолскиот војник Рајан

Битола му оддава почит на локалниот херој, битолскиот војник Рајан

Краткометражниот документарен филм „Војникот Рајан од Битола“ го прошета светот и беше презентиран дури и за време на комеморацијата на Истоварувањето во Долна Нормандија. Публиката беше трогната од животната приказна на Панде Матевски, војникот кој потекнува од Битола и бил мобилизиран во американската армија и испратен во Нормандија на Денот-Д, каде загинал на 6ти јуни 1944 година. 

RSS
First3456789101112