Search
fr-FRmk-MKsq-AL

БАРАЊЕ ПАРТНЕР

По повод Повикот за проекти 2015/2016, Соработката Долна Нормандија/Македонија воведе Формулар за барање партнер со цел да им овозможи на заинтересираните страни од Долна Нормандија и Македонија да најдат партнер за соработка.

Доколку сте заинтересирани да најдете партнер во Долна Нормандија пополнете го Формуларот (достапен подолу) со податоци за вашата структура и испратете го по електронска пошта на адресата: bn-mk@aldaintranet.org. Податоците ќе бидат објавени на интернет страницата на Соработката Долна Нормандија/Македонија.

Овој Формулар ќе биде искористен за развивање на алатката за пребарување на партнери во рамки на Соработката Долна Нормандија/Македонија. 


Документи за преземање

Формулар за барање на партнер во долна нормандија (doc)

ПАРТНЕРИ НА СОРАБОТКА ДОЛНА НОРМАНДИЈА / МАКЕДОНИЈА (doc)


ЛИСТА НА ПАРТНЕРИ

24 ноем. 2017

Обуки за општините и граѓанските организации за зајакнување на локалната демократија преку соработка

Обуки за општините и граѓанските организации за зајакнување на локалната демократија преку соработка

Во Македонија ќе бидат спроведени четири обуки кои ќе се фокусираат на теми како: алатки за локална демократија, буџетирање и транспарентност при менаџирање со локални фондови, финансирање на граѓански организации со буџетите на локалните власти и раководење со проектен циклус и ЕУ фондови. На обуките ќе присуствуваат вкупно 120 претставници на општини и граѓанското општество.

Првата од четирите обуки кои ќе бидат спроведени помеѓу 23 ноември и 7 декември е во тек во Битола. Обуката „Алатки за локална демократија“, која се спроведува во проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, е ко-финансиран од Децентрализираната соработка помеѓу Нормандија и Македонија, заедно со останатите обуки.

На официјалното отворање на обуките присуствуваа градоначалникот на Општина Новаци, г. Љубе Кузмановски и г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ, почесен конзул на Франција во Република Македонија. За време на обуката беше одржана и информативна сесија за јавниот повик за грантови во рамки на проектот.

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за граѓански организации и медиуми 2015. Обуките беа поддржани од Децентрализираната соработка помеѓу Нормандија и Македонија. 

Проектот се спроведува од АЛДА Скопје, Здружението на финансиски работници од Велес и Европското движење.
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x