Login |Register

Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Територијални проекти

Проекти со и за територијата

Дефинираните проекти за програмата 2013-2016 година осцилираат околу една централна тема и мобилизираат различни чинители. Секој проект придонесува кон територијалниот развој и претставува „експериментална лабораторија“ за останатите и во Долна Нормандија и во Македонија. Соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија преку овие територијални проекти се стреми да поттикне размена на искуства и создавање на методологии.

Создавање на синергија меѓу разните чинители на заеднички теми

Разните проекти што беа отпочнати во соработката привлекуваат бројни и различни чинители кои работат заедно на заеднички теми. Има институционални чинители (региони, општини, администрации, итн), како и членови на граѓанското општество, економски чинители, граѓани, итн. Човекови права, култура, млади (формално и неформално образование), културно наследство, сеќавање се бројните теми на кои чинителите ќе работат кроејќи проекти за размена за да придонесат кон развојот на својата територија.

Секој проект обработува одредена тематика. Меѓутоа, европското граѓанство останува незаобиколива тема во секоја активност. Доказ за тоа е силниот поттик за мобилност и размена меѓу жителите на Долна Нормандија и Македонија.

За периодот 2013-2014 година беа одбрани девет проекти. Проектите беа избрани според видот на активностите, нивното влијание во Долна Нормандија и Македонија и сообразноста со понудените тематики.

Проект : Школа за човекови права за младите од Македонија и Каен, Долна Нормандија, Република Франција 

Проект: Младите имаат права на интернет 

Проект: Усно предание, писмено предание, две музички култури 

Проект: Коњи на слобода во Македонија и во Долна Нормандија 

Проект: Културно наследство - нишка меѓу минатото и иднината 

Проект: Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид 

Проект: Помирување и визија за заедничка иднина на Балканот и Европа. Европа овде-Европа таму (1914-2014) 

Проект: По камењата – Дел 2 

Проект: Културата во улога на просторно уредување и социјална кохезија