Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

2 јун. 2014

Универзитет на Мирот 2014 : повик за македонски учесници

Универзитет на Мирот 2014 : повик за македонски учесници

Од 6 до 13 јули 2014 во Каен, Долна Нормандија, ќе се одржи Универзитет на Мирот организиран од страна на Меѓународниот Институт за Човекови права и мир од Каен. На овој меѓународен настан секоја година се среќаваат педесетина млади луѓе од целиот свет кои ги споделуваат своите идеи и знаења во повеќе дисциплини поврзани со мирот и човековите права. Наставата и предавањата се одржуваат на француски јазик.

27 мај 2014

Војникот Рајан од Битола

Војникот Рајан од Битола

Денот-Д, 6ти јуни 1944 година, датум кој што одекнува во сеќавањата на сите народи од светот. Во таа судбоносна битка клучна за победата над фашизмот и Македонија има свој претставник, битолчанецот Панде Матевски. По повод 70 годишнината од Денот-Д, на 30ти мај во Центарот за култура во Битола во 12 часот премиерно ќе се прикажува животната приказна на Панде Матевски преку кратка документарна репортажа со наслов „Војникот Рајан од Битола“.

21 мај 2014

Издание за културното наследство, туризмот и локалниот развој во Македонија

Издание за културното наследство, туризмот и локалниот развој во Македонија

Туризмот и културното наследство се секогаш актуелни теми во децентрализираната соработка. Со цел да се промовираат градовите во Македонија и нивниот потенцијал на овие теми, организацијата „Солидарни хоризонти (Horizons Solidaires)“ објави издание за Македонија на француски јазик.

27 мар. 2014

Нова етапа на програмата за децентрализирана соработка Долна Нормандија / Македонија

Нова етапа на програмата за децентрализирана соработка Долна Нормандија / Македонија

На 25 март 2014 година, во Скопје се одржа средба на македонските партнери на програмата за децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија. Партнерите, Министерства, општини, здруженија на граѓани и институциите кои се вклучени во соработката, ја одбележаа новата етапа на соработка за периодот од 2013 до 2016 година.

RSS
First891011121314151617